
Во една од воведните три синоќешни пресметки во НХЛ, Вашингтон Капиталс ги совладаа Њујорк Ајлендерс со 0-2.
Капиталс беа доминантни во секоја третина од мечот, а головите ги постигнаа на самиот почеток, односно на самиот крај.
Резултатот го отвори Том Вилсон во петтата минута, а го затвори Александер Овечкин на празен гол на единаесет секунди пред крајот.
Голманот на победничкиот состав, Витек Ванечек, го запиша првиот овосезонски шут-аут и трет во НХЛ во кариерата, одбранувајќи ги сите дваесет и три противнички удари.
Во Источната конференција, Ајлендерс останаа на тринаесеттото место, додека Вашингтон скокна на петтата позиција.




