
Фудбалерите на Лутон ги однесоа во делириум своите навивачи на ,,Кенилворт Роуд”, откако, во 23. коло од Чемпионшип, го совладаа Барнмут со 3-2.
Имено, ,,Шеширџиите” дојдоа до првиот меѓусебен триумф на домашен терен после 30 август 2004 во седмата минута од судиското продолжение, кога ефектен погодок постигна Кал Нејсмит.
Во претходниот дел од мечот, домаќините водеа со 2-0 во првото, а гостите успеаја да израмнат на 2-2 во второто полувреме.
За Лутон, погодок постигна Алан Кемпбел (42′), а дванаесет минути претходно, автогол заби Лојд Кели (30′), кој по вторпат во сезоната ја затресе сопствената мрежа против истиот ривал.
Од друга страна, првиот гол за Барнмут беше дело на Емилијано Маркондес (51′), а вториот погодок го постигна Морган Роџерс (78′), после само две минути поминати на теренот.
На табелата, Лутон изби на петнаесеттото место, додека Барнмут ја зазема втората позиција.




