
После трите врзани триумфи, синоќа, Бостон Селтикс загубија од Филаделфија 76ерс со 111-99.
Селтикс влегоа добро во првите минути од мечот, но, со серијата од 24-2, Филаделфија ја презеде двоцифрената предност и не ја испушти до самиот крај.
Кај Бостон, Роберт Вилијамс (12 поени и 14 скокови) и Џејсон Тејтум (20 поени и 11 скокови) имаа дабл-дабл учинок, а поефикасен од нив беше само Џејлен Браун со 21 кош.
На спротивната страна, најпрецизен беше Џоел Ембиид со дабл-дабл од 25 поени и од 13 скокови, а уште 23 кошеви додаде Тајрис Макси.
Во Источната конференција, Филаделфија (24-17) го зазема петтото, а Бостон (21-22) – единаесеттото место.




