Еден од најдобрите одбрандбени ракометари во историјата во репрезентацијата на Македонија, стружанецот Аце Јоновски кој сега е во улога на асистент на селекторот Лазаров, одлично ја заврши својата задача кога е во прашање креирањето на играта во дефанзива на првиот меч на ЕУРО против селекцијата на Словенија.

Македонија иако загуби од Словенија, завчера играше одлична 5 -1 одбрана предводени од Марко Мишевски како „преден“ играч и Филип Талески кој водеше вистинска војна со огромните пикери на Словенија на линијата од 6 метри. На голот беа надополнети од извонредниот Мартин Томовски кој блескаше со 14 одбрани.
Денес следува нов предизвик против репрезентацијата на Црна Гора. Ако сакаме да се надеваме на бодови веројатно треба да одиграме квалитетна одбрана барем на исто ниво како против Словенија и да бидеме уште подобри и покреативни во нападот.




