
На машкиот спринт во Рухполдинг, Германија, во рамките на Светскиот куп во биатлон, Квентин Фијо Маје (23:27,7) дојде до четвртата овосезонска победа.
Французинот беше стопроцентен во стрелачкиот дел и со триумф го заврши денот, преземајќи го првото место во вкупниот пласман, на истата локација каде што го освои првиот подиум пред осум години.
,,Среќен сум што ја носам жолтата маичка – се чувствувам како Супермен со својата наметка.” – рече Фијо Маје после трката.
Втората позиција ја освои Бенедикт Дол (+7,2), а Антон Смолски (+32,1) го комплетираше пиедесталот.
На четвртото место заврши Литванецот Вјатаутас Стролија (+33,6), кој го освои најдобриот пласман во кариерата, а Финецот Теро Сепала (+41,9) се најде помеѓу првите петмина.




