
На денешната програма од Светскиот куп во алпско скијање беше супервелеслаломот во машка конкуренција во Венген, Швајцарија.
Кога е во прашање супервелеслаломот во Венген, само еднаш во историјата, оваа дисциплина се одржала на патеката Лауберхорн.
Станува збор за трката во 1994, кога на подиумот завршија Марк Џирардели, Јан Еинар Торсен и Атле Скаардал.
На денешното издание, најдобар беше првопласираниот во генералниот поредок, Марко Одермат (1:29,00), кој ја израдува домашната публика и го зголеми своето водство во битката за кристалниот глобус.
Втората позиција му припадна на шампионот од 2019/20, Александер Омодт Килде (+0,23), кој ја бркаше својата четврта победа во низа во оваа дисциплина.
Подиумот го комплетираше Австриецот Матијас Мајер (+0,58), кој му го ,,украде” третото место на Германецот Ромед Бауман (+0,61) за само три стотинки.
Петтата позиција му припадна на Џејмс Крофорд (+0,77), а под една секунда доцнеа уште: Јозеф Ферстл (+0,68), Доминик Парис (+0,98) и Кристоф Инерхофер (+0,99).




