Поради присуството на КОВИД-19 во своите редови, Автомобилист Екатеринбург немаше одиграно ниеден натпревар од почетокот на 2022.
Денес, ,,Црвените” дебитираа во новата година и воедно ја прекинаа серијата од шест порази, совладувајќи го Северстаљ Череповец со 5-2.
Во првата третина, домаќините поведоа со 2-0, а гостите израмнија на 2-2 во првите десет минути од вториот дел.
Сепак, Автомобилист, во наредните седум минути, ја врати предноста од два гола, а до крајот го постави и конечниот резултат.
Двојни стрелци за победничкиот состав беа Станислав Бочаров и Шејн Принс, а еднаш стрелаше Брукс Мајсек.
Од спротивната страна, мрежата на Владимир Галкин ја затресоа Данил Вовченко и Иван Јемец.
Во Западната конференција, Северстаљ го држи петтото место, додека Автомобилист е десетти на Истокот.