
Англиската Премиер лига продолжува да им нуди возбудливи моменти на своите кога е во прашање актуелниот трансфер период.
Њукасл, кој се бори за опстанок, најпрво ги откупи правата на Киран Трипиер од Атлетико Мадрид, а денес доведе уште еден реномиран голгетер во своите редови – Крис Вуд.
Вуд беше своевремено најдобар стрелец во Чемпионшип, носејќи го дресот на Лидс, а од 2017 до почетокот на 2022, на 144 мечеви за Барнли заби 49 погодоци.
Репрезентативецот на Нов Зеланд потпиша договор на две и пол години со Њукасл, вреден 30 милиони евра.
Освен Њукасл, своите редови ги засили и Астон Вила, доведувајќи го Лука Дињ за 30 милиони евра и Филипе Кутињо на позајмица од Барселона до крајот на сезоната.
Дињ, од 2018 до крајот на 2021, запиша 113 настапи за Евертон, додека Кутињо повторно ќе биде соединет со својот поранеше соиграч од Ливерпул, Стивен Џерард, кој сега е тренер на клубот од ,,Вила Парк”.




