
Во заостанатиот меч од седумнаесеттото коло на англиската Лиг 1, Сандерленд загуби од Линколн со 1-3.
За ,,Црните мачки”, ова беше прв лигашки пораз после 2 ноември 2021, односно прва загубена средба на домашен терен во првенството после 23 октомври 2021.
На мечот, Линколн иако важеше за аутсајдер, сепак успеа да дојде до првата гостинска меѓусебна победа после 26 декември 1959.
Главен протагонист во историското славје на популарните ,,Импс” беше поранешниот член на Сандерленд – Крис Мегваер.
Имено, Шкотланѓанецот постигна хет-трик (31′, 58′, 75′), иако на претходните шеснаесет настапи во дресот на Линколн имаше само еден погодок.
Од друга страна, почесен гол за домаќините постигна најдобриот стрелец во лигата, Рос Стјуарт (68′ од пенал), кој се запиша во листата на стрелците по осумнаесетти пат во сезоната.
Отежнувачка околност за Сандерленд беше добиениот директен црвен картон на дефанзивецот Карл Винчестер (57′) при резултат од 0-1, правејќи пенал од кој гостите го удвоија своето водство.
На табелата, Линколн скокна на шеснаесеттото место, додека Сандерленд остана на втората позиција.




