
На ,,Лукас Оил Стадиум” во Индијанаполис, екипата на Џорџија стана нов шампион во колеџ фудбал и го прекина постот од 1980.
За популарните Булдогс, ова беше трета титула во историјата, а во финалето бебе совладан минатогодишниот првак, Алабама, со 18-33.
Мечот започна со ревија на филд-голови за водство од 9-6 на Алабама после првото полувреме.
Со тачдаунот во финишот на третата четвртина, Џорџија го презеде водството од 13-9 за првпат во големото финале.
Во последниот квартал, Булдогс потполно го надиграа својот ривал, постигнувајќи три, а примајќи само еден тачдаун.
Од победничкиот состав, квотербекот Стетсон Бенет уфрли 224 јарди од 17/26 комплетирања и два тачдауни, додека неговиот колега на спротивната страна, освојувачот на ,,Хајсман Трофи”, Брајс Јанг, имаше 369 јарди, но еден тачдаун и две пресечени додавања.
Од Алабама, освен шутерот Вил Рајхард, поентираше само Ламерон Лату, кој беше најдобар фаќач на својот тим со 102 јарди.
Кај Џорџија, шутерот Џек Подлесни придонесе девет поени, а топката во противничката енд-зона ја внесоа Замир Вајт, Адонаи Митчел, Брок Бауерс и Кили Ринго (пик-6).
За сојузната држава Џорџија, се веруваше дека е опседната од спортско проклетство, но Булдогс го демантираа ова суеверие, носејќи им ја втората титула на жителите во само два месеци.
Пред Булдогс, значајно достигнување направи бејзбол тимот, Атланта Брејвс, кој ја освои првата титула во МЛБ после 1995.
Џорџија, во текот на цела сезона, загуби само еден меч со 41-24 од Алабама во последното коло од регуларната сезона.
Во соработка со НФЛ Македонија



