
Во увертирата на седмата сезона од женската најквалитетна лига во австралиски фудбал, Ричмонд Тигерс ги декласираа Ст. Килда Сеинтс со (3.5) 23-61 (10.1).
Ст. Килда ја заврши првата четвртина со водство од еден поен разлика, но во наредните три периоди, ,,Тигриците” во потполност ја презедоа контролата.
Најдобра фудбалерка од победничкиот состав беше Моник Конти, која со 29 допири и со 9 расчистувања, го предводеше средниот ред.
Од нејзините соиграчки, по два погодоци постигнаа Куртни Вејкфилд, Кристина Бернарди, Меган Кили и Кејти Бренан.
На другата страна, трите голови на Ст. Килда беа дело на три различни фудбалерки – Тарни Вајт, Роузи Дилон и Џесика Мартин.
На табелата, Ричмонд го презеде првото место, но останува во исчекување на сите преостанати мечеви од првото коло.




