
После година и пол во дресот на Болтон, ирскиот фудбалер, Оин Дојл, реши да се врати во својата татковина.
Реномираниот напаѓач потпиша тригодишен договор со Ст. Патрик’с Атлетик, каде што ќе игра под водство на тренерот Тим Кленси, кој му беше соиграч во Хиберниан.
Ст. Патрик’с е актуелен вицешампион на Ирска и нов освојувач на Ирскиот Куп, а со новото засилување покажува дека ќе цели високо во претстојната сезона.
Имено, Дојл беше втор најдобар стрелец во Лиг 2 минатата сезона со 19 погодоци и беше главен протагонист во враќањето на Болтон во третата англиска лига.
,,Оин [Дојл] беше фантастично засилување за нас, кое одигра витална улога во минатосезонскиот успех. Тој продолжи да биде важен играч за нас и оваа сезона, но ова е неверојатна прилика за него и не сакаме да му застанеме на патот.” – се огласи тренерот на Болтон – Иан Еват.
Пред да премине во Болтон, Дојл беше најдобар стрелец во Лиг 2 со 25 голови, бранејќи ги боите на Свиндон Таун.
Во кариерата, пред да заигра за Свиндон, Ирецот беше дел од повеќе екипи: Шелбурн, Шамрок Роверс, Слајго Роверс, Хиберниан, Честерфилд, Кардиф, Престон, Портсмут (позајмица), Олдам (позајмица) и Бредфорд Сити.



