
Заклучно, почнувајќи од 2019, Ст. Луис Блус ги добија сите дуели на домашен терен против Вашингтон Капиталс, меѓу кои и синоќешниот, добиен со 5-1.
После две минути игра, гостите од главниот град на САД го отворија резултатот преку Даниел Спронг, кој го заби својот шести гол во сезоната.
До крајот, Капиталс беа лимитирани на ,,нула” од голманот Виле Хусо (26/27 одбрани – 97,3%), а Блус постигнаа ,,петарда” во противничката мрежа.
За домаќините, двоен стрелец беше Павел Бучневич, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа уште Тори Краг, Оскар Сундквист и Иван Барбашев.
Со третата победа на последните четири пресметки, Ст. Луис се искачи на третото место во Западната конференција.
Од друга страна, Вашингтон, поради мини-серијата од два порази, падна на петтото место на Истокот, но, во однос на првопласираните Тампа Беј Лајтнинг, заостанува само три бодови.