
Во пладневниот денешен термин во Бишофсхофен, Австрија, беа одржани последните квалификации од јубилејното седумдесетто издание на Новогодишната турнеја.
На нив, по четврт пат, односно по третпат на важечките скокања, до победата дојде Рјоју Кобајаши.
Јапонецот запиша хет-трик на првите три натпреварувања од турнејата, а вечерва ќе се обиде да го повтори успехот од 2018/19, кога го освои ,,Златниот орел” со максимални четири триумфи.
На второто место заврши единствениот друг победник на квалификациите, Маркус Ајзенбихлер, а Мариус Линдвик го освои третото место.
Четвртопласираниот Јан Херл беше најдобар домашен скокач, а во првите десетмина завршија уште: Килијан Пајер, Анже Ланишек, Роберт Јохансон, Даниел Хубер, Штефан Крафт и Давид Кубацки.




