
На четириесет и четвртото издание на рели-трката Дакар, среде Саудиска Арабија, беше испишана нова страница од мотоциклистичката историја.
Имено, Италијанецот Данило Петручи беше најбрз на денешната петта етапа и стана првиот поранешен возач од МотоГП, кој забележал етапен триумф на Дакар.
На петтиот натпреварувачки ден, зад Петручи (03:23:46), во топ 5 завршија уште: Рос Бранч (+0:02), Хозе Игнасио Корнехо (+0:05), Рики Брејбек (+01:32) и Тоби Прајс (+01:46).
Петручи го вози моторот ,,КТМ 450 Рели Реплика” во сопственост на ,,Тех 3 КТМ”, а после петтата етапа го зазема четириесет и седмото место во генералниот поредок со заостаток од 19:11:06 часа во однос на лидерот Сем Сандерленд (19:01:50).
Веднаш после етапата, на својот официјален Инстаграм профил, Петручи објави слика со натпис:
,,Плачам како дете. Не можам да пишувам.”



