Еден од најталентираните македонски фудбалери и досегашен член на Работнички, Лука Станковски, направи трансфер во турскиот прволигаш Газијантеп. Тој во наредните четири и пол години ќе го носи дресот на турскиот прволигаш.
Работнички со гордост објавува дека е веројатно и единствениот фудбалски клуб од Македонија кој во континуитет реализира трансфери на своите најдобри фудбалери во странство. Клубот и фудбалерот се задоволни од условите што ги понуди Газијантеп.




