
На 27 декември 2021, во рамките на дваесеттото коло од северноирскиот Премиершип требаше да се одигра дербито на северен Белфаст помеѓу Клифтонвил и Крусејдерс.
Сепак, нивниот триста и трети дуел беше одложен за денес, а истиот заврши со 0-2 во корист на Крусејдерс.
,,Крстоносците” успеаја да ги поразат своите ривали по сто педесет и четврти пат во историјата, односно за првпат после 23 октомври 2020.
За Клифтонвил, денешниот пораз беше нивен прв во лигата после 20 ноември, односно прв на домашниот стадион ,,Солитуд” после 29 мај.
Најстариот клуб во Северна Ирска, основан во септември 1879, денес загуби, иако имаше доминација во поголемиот дел од натпреварот.
Имено, Крусејдерс имаа само два шута во рамките на голот на Лук МекНиколас, кои беа успешно реализирани од Пол Хитли (43′) и од Бен Кенеди (62′).
На табелата, победниците останаа на петтото место, додека Клифтонвил ја зазема втората позиција, испуштајќи голема шанса за преземање на врвот.




