Првата трка во 2022 од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција беше петтиот овосезонски слалом, одржан во Загреб.
Истиот беше освоен од актуелната шампионка, Петра Влхова (1:56,99), која ја запиша четвртата победа во сезоната во најтехничката дисциплина.
На второто место заврши водечката во генералниот поредок, Микаела Шифрин (+0,50), а по вторпат во низа, на подиумот се пласира Катарина Линсбергер (+2,11).
Швајцарката Венди Холденер (+2,36) ја освои четвртата позиција, а петтопласирана беше Али Налмајер (+2,58).
Канаѓанката дојде до најдобриот пласман во својата кариера, пред сè поради најдоброто време во втората серија, кое и’ донесе напредок од дванаесет позиции.
Во продолжение, пласманот во топ десет го комплетираа уште: Катарина Галхубер (+3,00), Леона Поповиќ (+3,05), Ана Буцик (+3,26), Марија Терезе Твиберг (+3,27) и Мишел Гизин (+3,28).