
Овогодинешното издание на Тур д Ски во рамките на Светскиот куп во крос-кантри заврши со трките со масовен старт на финалната угорница во Вал ди Фиеме, Италија – Алпе Чермис.
Кај дамите, триумфираше Хајди Венг (35:41,2) пред Еба Андерсон (+7,0) и пред Делфин Клодел (+28,5) на подиумот.
На четвртата позиција се пласираше Наталија Непрјаева (+32,3), која го освои Тур д Ски и заработи 400 поени во Светскиот куп.
Гореспоменатите Андерсон (+46,7) и Венг (+1:07,7) го комплетираа пиедесталот на турнејата, а Финките Криста Пармакоски (+1:48,6) и Керту Нисканен (+1:52,0) беа на наредните две места.
Во поредокот на поените, Јохана Хегстром го освои врвот, оставајќи ги зад себе Џеси Дигинс и Непрјаева.
Во машка категорија, Сјур Роте (+31:42,1) ја запиша шестата победа во кариерата, Денис Спитсов (+2,4) беше второпласиран, а Германецот Фридрих Мох (+18,9), како трет, го освои првиот подиум во својата кариера.
Јоханес Клебо го зазеде петтото место на денешната трка, но ја доби целосната турнеја со четврта најубедлива разлика во однос на вицешампионот.
Втората позиција ја зазеде бранителот на титулата, Александер Болшунов (+2:03,2), а Финецот Ииво Нисканен (+3:14,5) му го ,,украде” пиедесталот на Спитсов за само седум секунди.




