Во самата клаузура на 2021 година, Њу Џерси Девилс ги поразија Едмонтон Оилерс во мега-пресметка со 6-5 после продолжение.
За Девилс, ова беше прв триумф над денешниот ривал во домашниот град Њуварк после 10 февруари 2016.
Во регуларниот дел, домаќините водеа четири пати, додека гостите израмнуваа во четири наврати пред да го стекнат првото водство во третата третина со 4-5.
Сепак, ,,Ѓаволите” не се предадоа и изборија реми на само половина минута пред крајот, а во дополнителниот период дојдоа до ,,целиот плен” после три минути игра.
Од домашните редови, двоен стрелец беше Џек Хјус, а по еден погодок постигнаа Нико Хишиер, Досон Мерсер, Јане Куоканен и Јегор Шарангович.
На спротивната страна, Конор МекДејвид и Каилер Јамамото стрелаа по двапати, а еднаш во листата на стрелците се запиша Девин Шор.
На Истокот, Њу Џерси остана на дванаесеттото место, додека Оилерс паднаа на седмата позиција во Западната конференција.



