
Свеченото отворање на Новогодишната турнеја во ски скокови беа всушност денешните квалификации во Оберстдорф, Германија.
Најдобар на првото официјално скокање беше Јапонецот Рјоју Кобајаши, кој прескокна 129 метри и го освои првото место.
Лидерот во генералниот поредок, Карл Гајгер, го зазеде второто место, а третата позиција ја поделија Норвежаните Јохан Андре Форфанг и Халвор Егнер Гранеруд.
Форфанг, заедно со шестопласираниот Маркус Ајзенбихлер, имаше најдолг скок на денот, кој во дистанца изнесуваше 132 метри.
Помеѓу двете најдолги изданија се пласира Килијан Пајер, а во топ 10 завршија уште Штефан Крафт, Јан Херл, Зеверин Фројнд и Даниел Андре Танде.



