
Во осумнаесеттото коло од италијанската Серија А, Наполи му го нанесе вториот меѓусебен пораз на Милан на ,,Сан Сиро”, откако славеше со 0-1.
Херој на ,,Наполитанците” беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој погоди со глава по асистенцијата на Пјотр Зиелински во петтата минута.
Во продолжение од натпреварот, Милан имаше неколку добри прилики во кои одлично се покажа гостинскиот голман – Давид Оспина.
Сепак, во деведесеттата минута, Френк Кеси ја затресе мрежата на Колумбиецот, но голот беше поништен со ВАР поради офсајд.
На табелата, Наполи се искачи на второто место, спуштајќи го Милан на третата позиција при што и двете екипи заостануваат по четири бодови зад лидерот Интер.



