Холабрун тимот за кого настапуваат Никола Костески и Влатко Митков славеше победа на гостувањето кај Кремс Л. во натпревар од Австриската челинџ (втора) лига со 24-28 (полувреме 13-19).
Македонските интернационалци повторно беа најдобри во победата на својот тим. Никола Костески постигна 6 гола на кои додаде 2 украдени топки и 2 изнудени пенали. Влатко Митков исто така постигна 6 погодоци и имаше 3 асистенции.



