
Третиот турнир од серијата на домашните нации беше Скотиш Опен, кој се одигра во текот на изминатата недела.
На него, до втората рангирана титула стигна Белгиецот Лука Бресел, кој во големото финале го доби Џон Хигинс со вкупни 9-5.
Во финалниот двобој, помладиот ривал водеше уште од самиот старт, при што, на паузата помеѓу двете сесии, имаше предност од 5-1.
За Бресел, ова е прва титула на рангираните турнири после освојувањето на Кина Чемпионшип во 2017 и воедно второ финале на серијата на домашните нации во 2021.
На патот до наградата од 70 000 фунти, освен Хигинс, Белгиецот ги елиминира: Џоу Пери (4-2), Панг Џуншу (4-3), Фергал О’Браен (4-1), Метју Селт (5-4) и Ентони МекГил (6-1).
Од друга страна, Хигинс го одигра шестото финале на своето домашно натпреварување, а на патот до него беше подобар од: Нопон Саенгхам (4-1), Рајан Деј (4-0), Мартин Гулд (4-2), Дејвид Џилберт (5-3) и Рони О’Саливен (6-1).