
Првото натпреварување во паралелен слалом од Светскиот куп во сноуборд се одржа во близина на езерото Баноје во Русија.
Во женска конкуренција, до осмиот триумф во кариерата стигна Јули Цог, која ја порази 18-годишната Мики Тсубаки (+0,17) во големото финале.
Тсубаки, иако не успеа да се искачи на тронот, го направи најголемото изненадување со освојувањето на својот прв подиум.
Во битката за бронза, Анастасија Курочкина освои пиедестал после три години, откако во малото финале ја порази Рамона Терезија Хофмајстер (+1,99), која сепак го презеде водството во вкупниот поредок поради вчерашното второ место.
Во машка конкуренција, на јубилејната дваесетта победа се радуваше Австриецот Андреас Промегер.
41-годишниот сноубордер, во финалето, беше подобар од вчерашниот победник, Сангхо Ли (+0,27), кој и понатаму остана на првата позиција во генералниот пласман.
Со бронза од Јужен Урал си замина и Арвид Аунер, радувајќи се на вториот подиум во кариерата, поради фактот дека во малото финале беше побрз од сонародникот Фабијан Обман (+0,66).



