
Во единствениот денешен КХЛ натпревар, Салават Јулаев Уфа го порази Сочи со убедливи 5-0.
За претставниците на Источната конференција, ова беше трета последователна победа над ,,Леопардите” и прва на домашен терен после 17 февруари 2020.
На денешниот меѓусебен дуел, ,,Зелените” од Уфа имаа пет различни стрелци – Николај Кулемин, Виктор Тихонов, Артјом Пименов, Сакари Манинен и Григори Панин.
Голманот Јуха Метсола ги запре сите 23 противнички удари и дојде до петтиот шут-аут во сезоната.
Во овој сегмент, Финецот го дели второто место во лигата токму со голманот на Сочи – Магнус Хелберг.
На Истокот, Уфа скокна на третата позиција, додека Сочи е десетти во Западната конференција.



