
Во директниот дуел за превласт во АФК Исток, Њу Ингланд Патриотс ги поразија Бафало Билс со 10-14.
За Билс, единствен играч со постигнат тачдаун беше Габриел Дејвис, а шутерот Тајлер Бас ги додаде останатите четири поени.
Домашниот квотербек, Џош Ален, уфрли 145 јарди од 15/30 прецизни додавања и истрча дополнителни 39 јарди.
На спротивната страна, играта беше целосно базирана на трчањето при што Демиен Херис го имаше најдолгиот тачдаун со пробивање (64 јарди) од редовите на Патриотс уште од 1997.
Квотербекот на Њу Ингланд, Мек Џонс, имаше само 19 освоени јарди со фрлање од рекордни 2/3 обиди.
Со ваквиот начин на игра, Патриотс станаа првиот тим после 1974 што победил, а имал три или помалку обиди за додавање.
Со седмиот врзан триумф, Њу Ингланд (9-4) го презеде водството во АФК, а Бафало (7-5) остана на петтата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија



