
Петтолигашот Борам Вуд избори пласман во третата рунда од ФА Купот, откако во втората фаза го порази шестолигашот Ст. Албанс со убедливи 4-0.
Двете екипи важат за најголеми ривали, кои освен што се оддалечени неполни петнаесет километри, делат доста заеднички работи од кои, највпечатлива е актуелниот тренер на Ст. Албанс, Иан Алисон, кој претходно го започна растот на Борам Вуд.
На мечот, навивачите на ,,Медоу Парк” уживаа во претставата на домашните фудбалери, кои заминаа на пауза со предност од 1-0, благодарение на Џош Рис (25′).
Истиот играч ја удвои предноста на ,,Шумарите” во 49. минута, а во листата на стрелците се запишаа уште Гас Мафута (64′) и Адријан Клифтон (81′).
Со петтото последователно победено дерби, Борам Вуд го израмни своето најдобро достигнување во најстарото клупско натпреварување.
Имено, избраниците на Лук Гарард, во третата рунда, ќе ги идмерат силите со третолигашот АФК Вимблдон.



