
После серијата од петнаесет врзани порази, Хјустон Рокетс победија шест натпревари во низа и го напуштија дното на Западната конференција.
Токму синоќа, Рокетс (7-16) скокнаа на тринаесеттото место со триумфот од 118-108 над Њу Орлеанс Пеликанс (7-19), кои паднаа на последната позиција.
Во првата четвртина, резултатот варираше во корист и на двете екипи, но од вториот квартал, па сè до крајот, Хјустон ја држеше контролата во свои раце.
Од домашните редови, ајефикасни со по 23 поени беа Ерик Гордон и Кристијан Вуд.
На спротивната страна, во отсуство на повредениот Зајон Вилијамсон, дабл-дабл направи Јонас Валанчиунас (17 поени и 10 скокови), а Брендон Инграм беше одличен со 40 кошеви.



