
Микаела Шифрин се осамостои на првото место во генералниот пласман во Светскиот куп, откако славеше на третиот овосезонски слалом.
Американката (1:38,32) беше најдобра пред своите навивачи на домашен терен во Килингтон, пред сè поради најбрзата втора серија.
Сепак, Шифрин имаше и доза на среќа поради фактот дека првопласираната после првото скијање, Петра Влхова (+0,75), направи грешка во вториот дел и заврши на второто место.
Третопласирана на првата трка на американско тло после 2019 беше Венди Холденер (+0,83), која воедно беше последна со заостаток под една секунда.
Пласманот во топ 5 го комплетираа актуелната шампионка во оваа дисциплина, Катарина Линсбергер (+1,41) и Лена Дир (+1,55).



