Актуелните лигашки вицешампиони, Ст. Патрик’с Атлетик, ја освоија својата четврта круна на Ирскиот куп, односно прва после 2014.
Во финалето, ,,Светците” ги поразија градските ривали од Даблин, Бохемианс, после пенали, откако резултатот гласеше 1-1 по два часа игра.
Регуларните деведесет минути поминаа без голови, а први на семафорот се запишаа победниците, благодарение на Кристофер Форестер (105+2′).
Во второто продолжение, дефанзивецот Рори Фили (107′), со првиот свој погодок после 2019, го израмни резултатот и избори пенали.
Во пенал-серијата, токму стрелецот на Ст. Патрик’с, Форестер, беше непрецизен, но неговиот кикс беше анулиран со промашаите на Тајрик Вилсон и на Кит Ворд.