
Првата трка од новата сезона од Светскиот куп во крос-кантри се одржа во Рука, Финска, во дисциплината спринт.
Во машка конкуренција, големо разочарување направи актуелниот шампион, Александер Болшунов, кој отпадна уште во четврт-финалната фаза.
Заедно со него, од фаворитите, учеството во првата рунда го завршија Иван Јакимушкин, Сергеј Устиугов, Федерико Пелегрино и Ристомати Хакола.
Како победник на трката се покажа јуниорскиот првак во спринт, Александер Теренцев (2:31,90), кој триумфираше за првпат во Светскиот куп.
Зад него, на подиумот завршија Норвежаните Јоханес Клебо (+1,18) и Емил Валнес (+2,13), а без пиедестал останаа Ришар Жув (+3,01), Хаавард Таугбол (+4,72) и Јони Маки (+8,53).
Ситуацијата беше доста слична и кај жените со тоа што шампионката Џеси Дигинс, заедно со Ева Уревц, со Татјана Сорина и со Роузи Бренан, не успеа да избори пласман во полуфиналето.
Накрај, со вториот триумф во кариерата се закити Маја Далквист (3:01,81), а 1-2 победата за Шведска ја комплетираше Јохана Хегстром (+1,77).
На третото место заврши Норвежанката Маикен Касперсен Фала (+2,02), пред финското дуо, Јохана Матинтало (+3,21) и Катри Лилинпера (+3,74), односно пред Фрида Карлсон (+3,97).



