
Во првото овосезонско хокеарско дерби на Њујорк, Ренџерс ги поразија Ајлендерс со резултат од 1-4.
За ,,Ренџерите”, ова беше шеста победа на последните седум лигашки натпревари, додека Ајлендерс го запишаа седмиот врзан пораз со гол-разлика од 7-31.
Во втората третина, Крис Крајдер и Кевин Руни успеаја двапати да го совладаат Семјон Варламов и да им донесат предност од 0-2 на номиналните гости.
На стартот на третиот дел, Енди Ендроф намали на 1-2, но само дваесет секунди подоцна, Руни, со вториот гол на мечот, ја врати предноста од два погодоци на Ренџерс.
Кон средината на третиот период и другиот стрелец од победничкиот состав, Крајдер, уште еднаш се запиша во листата на стрелците за поставување на конечниот резултат.
На неполни две минути пред крајот, кога хокеарите во бели дресови само што не почнаа да ја слават победата, Алексис Лафрение (Ренџерс) и Жан-Габриел Пажо (Ајлендерс) се пресметаа физички и добија дисциплинска казна.
Веднаш по натпреварот, Ренџерс го зазедоа петтото, а Ајлендерс – четиринаесеттото место во Источната конференција.



