
Чикаго Булс го запишаа шестиот овосезонски пораз, односно трет на домашен терен, откако во потполност беа надиграни од Индијана Пејсерс со 77-109.
За ,,Биковите”, разликата од -32 ја означува најтешката овосезонска загуба, во која придонесе отсуството на Алекс Карузо, на Патрик Вилијамс и на Никола Вучевиќ.
Без нив, најефикасни од редовите на Чикаго беа ДеМар ДеРоузан и Зек ЛаВин со 18 и со 17 постигнати поени.
Во текот на мечот, Булс успеаја да само со 5-3 и во четири наврати да се вратат од двоцифрен на едноцифрен заостаток.
Кај Индијана, дабл-дабл уфрлија двајца кошаркари – Домантас Сабонис (21 поен и 11 скокови) и Мајлс Тарнер (12 поени и 10 скокови).
И покрај триумфот, Пејсерс (8-11) останаа на тринаесеттото место во Источната конференција, додека Чикаго (12-6) изгуби шанса да се израмни со првопласираните Бруклин Нетс (13-5).



