Несекојдневна глетка се случила на Шар планина и истата била забележана од видео камерите поставени среде шумата. Имено мајка мечка со двете мали мечиња додека правеле прошетка низ густата шума на Шар планина или додека барале храна застанале точно пред камерата и ја овековечиле оваа несекојдневна ситуација.



