
Во рамките на 18. коло од англиската Лиг 1, дебитантот Морекамб го совлада Флитвуд со 1-2.
Голот за победа на ,,Ракчињата” беше постигнат во 94. минута, откако најдобриот стрелец во лигата, Кол Стоктон, го надмудри голманот Алекс Кернс од половина терен.
Освен Стоктон, гол за победничкиот состав постигна Калум Џонс (11′), додека за домаќините стрелаше неговиот истоименик Калум Џонсон (82′).
Веднаш после победоносниот погодок, Стоктон беше дел од мала мешаница во која два жолти картони експресно заработи напаѓачот на Флитвуд – Ентони Пилкингтон.
Со првата меѓусебна победа после 2014, Морекамб скокна на осумнаесеттата позиција, додека Флитвуд го зазема дваесет и второто место.



