
Првото реми во новата НФЛ сезона го ,,режираа” Питсбург Стилерс и Детроит Лионс, кои после 75 минути игра ремизираа со 16-16.
Со овој резултат имаат завршено уште само три мечеви во историјата на НФЛ, од кои последниот датира од 28 октомври 1973.
Детроит не загуби лигашка средба за првпат во 2021, но исто така сè уште останува единствен тим без победа во цела лига.
Трагичар за ,,Лавовите” беше шутерот Рајан Сантосо, кој иако донесе четири поени, промаши една конверзија во третата четвртина и еден филд-гол во продолжението.
Освен него, во листата на поентерите со тачдаун се запишаа Џермар Џеферсон и Годвин Игвебуике, а квотербекот Џеред Гоф освои 114 јарди од 14/25 прецизни додавања.
Во отсуство на Бен Ротлисбергер, неговиот колега на спротивната страна, Мејсон Рудолф, освои вкупно 278 јарди, а единственото полагање беше дело на Џејмс Вашингтон, кој заедно со шутерот Крис Босвел ги постигна сите поени.
Питсбург (5-1-3), со ова реми, остана на шестото место во АФК, додека Детроит (0-1-8) е последен во НФК.
Во соработка со НФЛ Македонија



