
Втората трка од новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција беше паралелен велеслалом, одржан во Лех-Цирс, Австрија.
На него, за првпат во својата кариера, до дебитантскиот триумф стигна Словенката Андреја Слокар, која во финалето ја натскија Теа Луис Стјернесунд.
Воедно, Слокар стана првата дама од Словенија што запишала победа на една трка од Светскиот куп после Илка Штухец од декември 2018.
Во малото финале, Норвешка доби уште една натпреварувачка на пиедесталот, откако Кристин Лисдал ја победи Марта Басино.
Исто како и Слокар, така и двете Норвежанки го прославија својот прв подиум во кариерата.
Од друга страна, Лара Гут-Бехрами направи кардинална грешка на својата јубилејна тристота трка, која ја однесе на дванаесеттото место на светската ранг-листа по бројот на настапи во Светскиот куп.



