
Паузата во КХЛ, применета поради Карјала Купот, беше искористена од актуелните шампиони, Авангард Омск, за усовршување на своите квалитети.
Имено, ,,Јастребите”, во единствениот денешен натпревар, ги поразија Кунлун Ред Старс со убедливи 5-0.
За домашниот состав, двапати стрелаше Арсени Грицјук, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Јарослав Косов, Павел Дедунов и Дмитри Соколов (дебитантски гол на дебито за Авангард).
Гостите од Кина упатија само 10 шутеви во рамките на голот на Симон Хрубец, кој го запиша третиот шут-аут во сезоната на јубилејниот 100. настап во КХЛ.
Од друга страна, хокеарите на Омск имааа вкупно 97 удари, од кои дури 61 помеѓу стативите на Александер Лазушин, кој имаше дури 56 одбрани (91,8%).
Во Источната конференција, Авангард остана на петтото, а Кунлун на последното место.