
Во рамките на четвртото коло од кошаркарскиот Еврокуп, МораБанк Андора ќе ја пречека екипата на Партизан на домашен терен.
Партизан влегува во овој дуел како поголем фаворит, пред сè поради фактот дека нема ниеден пораз во новата сезона.
Од друга страна, Андора има учинок од 2-1 во Еврокупот, односно од 3-6 во шпанската лига.
Во просек, Андора дава по 88,0 поени по натпревар во Еврокупот, а прима високи 86,5 кошеви.
Партизан е за нијанса помалку ефикасен со просечни 86,3 поени, но има далеку подобра одбрана (74,3).
Во сите натпреварувања, МораБанк запиша три победи и два порази во својата ,,Полиеспортиу д’Андора” со просечен однос на поени од 77,6 – 76,0.
На спротивната страна, Партизан како гостин постигнува 83,6, а прима 71,6 кошеви што е доволно за стопроцентен учинок од пет победи со просечна разлика од +12.
Во своите редови, Андора има неколку квалитетни поединци, а за сето тоа е свесен целиот табор на Партизан.
,,Знаеме кои се најголемите закани – плејмејкерот Хана, Јелинек, Нуа и Милер-МекИнтаер. Се надевам дека ќе ја пренесеме истата енергија од нашите претходни натпревари и дека ќе останеме непоразени.” – се огласи играчот на Партизан – Алекса Аврамовиќ.
Во меѓусебната историја, двете екипи никогаш ги немаат одмерено силите, така што денешниот победник ќе има меѓусебна предност во пресрет на тринаесеттото коло, кога ќе се соочат по вторпат сезонава.



