
Питсбург Стилерс стигнаа до учинок од 4-3, откако во дивизиското дерби ги совладаа Кливленд Браунс (4-4) со 10-15.
Натпреварот беше проследен со тврда игра што се докажа со фактот дека за првпат после десет години, двете екипи не постигнале тачдаун во меѓусебните пресметки.
Во ,,пеколниот” дуел, Браунс водеа во два наврати, со 3-0 и со 10-3, но накрај успеаја да попуштат под притисокот на одбраната на Питсбург.
Мечот во потполност ќе имаше друг тек, доколку шутерот на Стилерс, Крис Босвел, не добиеше повреда при крајот на првото полувреме што ги натера неговите соиграчи да напаѓаат на четврт даун и да се обидат со конверзии наместо со шутеви за екстра-поени после двата тачдауни.
Од редовите на Браунс, Бејкер Мејфилд освои 222 јарди од 20/31 обиди за додавање, а тачдаун со пробивање забележа Д’Ернест Џонсон.
На спротивната страна, Бен Ротлисбергер премина 266 јарди со 22/34 успешни пасеви, а тачдауни постигнаа Наџи Херис (120 јарди) и Пет Фрајермут (44 јарди).
Во соработка со НФЛ Македонија



