
Последен пат, Портланд Трејл Блејзерс запишаа компетитивен триумф на домашен терен над ЛА Клиперс на 9 ноември 2018.
Синоќа, овој тригодишен пост беше прекинат, откако претставниците на северозападниот дел на САД победија со 111-92.
Со исклучок на првата четвртина, во наредните три квартали, Трејл Блејзерс цело време ја држеа предноста во свои раце.
Одлична партија за победничкиот состав одиграа Демиен Лилард (25 поени) и Јусуф Нуркиќ (14 поени и 17 скокови).
На спротивната страна, во отсуство на Каваи Ленард, најпрецизен со 42 кошеви беше Пол Џорџ, а освен него, единствен со двоцифрен број на поентирања беше Лук Кенард.
Во Западната конференција, Портланд (3-2) го држи четвртото место, а Клиперс (1-4) ја заземаат дванаесеттата позиција.



