
Во првиот меч од финалната серија, Атланта Брејвс направија ,,брејк” и поведоа со 1-0, откако ги поразија Хјустон Астрос на домашен терен со 2-6.
После три ининзи, Брејвс веќе стекнаа недостижна предност од 0-5, а до крајот Астрос успеаја само да го ублажат поразот.
На мечот, Хорхе Солер стана првиот играч во историјата што постигнал хоум-ран на првото удирање во првиот меч од финалето.
Освен него, хоум-ран за Атланта забележа и Адам Дувал, а по четири бази освоија Ози Албис, Тревис Д’Арно, Еди Росарио и Дансби Свансон.
На спротивната страна, поени со трчање на Хјустон му донесоа Кајл Такер и Јордан Алварез.
Фрлачите на Атланта освоија вкупно единаесет страјк-аути, а три од нив беа дело на стартерот Чарли Мортон, кој ќе го испушти остстокот од сезоната поради фрактура на десната нога.
Вториот натпревар повторно ќе биде одигран во Хјустон и е закажан за вечерва во 02.08 часот по македонско време после полноќ.



