
После трите меѓусебни победи во низа, Далас Старс синоќа загубија од Колумбус Блу Џекетс со 4-1.
Заклучно со стартот на третата третина, домаќините од Охајо стекнаа предност од 3-0 со по еден постигнат погодок во секој период.
Стрелци за Колумбус при стекнувањето на недостижното водство беа Оливер Бјоркстранд, Грегори Хофман (прв гол во НХЛ) и Зек Веренски.
На неполни две и пол минути до крајот, Тајлер Сегуин постигна ппгодок за Далас, но триесет секунди подоцна, Александр Тесие го постави конечниот резултат на празна мрежа.
После овој меч, Далас има шест, а Колумбус има осум бодови, но и двете екипи го заземаат седмото место во своите конференции.



