
Пред два месеци, во 1/32-финалето од Копа Италија, Читадела ја елиминираше Монца со 2-1.
Денес, во рамките на деветтото коло од Серија Б, Монца го возврати ударот и триумфираше со 1-0.
Читадела беше статистички доминантен тим на теренот, но не успеа да го задржи планираниот поен до самиот крај.
Причина за тоа беше резервистот од клупата на Монца, Марко Д’Алесандро, кој со првиот гол сезонава, ги остави трите поени на ,,Ју Пауер Стадиум” во првата минута од судиското продолжение.
На табелата, пред комплетирањето на цело коло, Монца го зазема десеттото, а Читадела – единаесеттото место.



