
Како во првиот, така и во вториот полуфинален меѓусебен дуел, Атланта Брејвс ги поразија актуелните шампиони – ЛА Доџерс.
Имено, во втората пресметка, домаќините славеа со 5-4, откако повторно поентираа со последната акција на мечот.
Доџерс водеа со два разлика во два наврати т.е. со 0-2, односно со 2-4, но не успеаја да го скротат нападот на Атланта во последните два периоди.
За поразениот состав, Кори Сигер постигна хоум-ран, а по четири бази освоија Вил Смит и Муки Бетс (х2).
Од домашните редови, топката на трибините ја однесе Џок Пидерсон, а до четвртата база стигнаа Остин Рајли, Еди Росарио, Ози Албис и Дансби Свансон.
Брејвс го искористија домашниот терен и поведоа со 2-0 во меѓусебната серија, но веќе од утре ќе се преселат во Лос Анџелес за да одиграат уште две пресметки.



