
По педесет и шести пат во историјата, односно во рамките на тринаесеттото коло од босанската Премиер лига, силите ги одмерија ривалите од Мостар – Вележ и Зрињски.
Пред точно еден месец, Зрињски го порази својот најголем ривал по јубилеен триесетти пат, а денес, номиналните гости ја остварија и триесет и првата победа.
Натпреварот беше релативно ,,сиромашен” со шанси со вкупно десет шутеви во текот на сите деведесет минути, при што конечниот резултат изнесуваше минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок беше најдобриот стрелец од минатата сезона, Немања Билбија (62′), кој исто така го постигна и решавачкиот гол на последното дерби.
Со првиот пораз после двете претходни победи во лигата и во купот, Вележ остана на десеттото место на табелата, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
Од друга страна, третиот последователен лигашки триумф на Зрињски значеше и скок на првата позиција барем на еден ден.



