
Гевеличани ситно бројат до својата прва улична трка, која ќе се одржи за точно триесет дена, односно на градскиот празник 7 ноември.
Своето учество на овој настан веќе го имаат потврдено над 300 учесници, а доколку сакате да се пријавите и вие, тоа можете да го направите преку следниот линк:
https://runnerspot.com/event/Gevgelija
Во Гевгелија, натпреварувачите ќе можат да трчаат на пет и на десет километри при што котизацијата изнесува 700, односно 800 денари.
Доколку се пријавите на трката до 16 октомври, во стартниот пакет ќе добиете гратис маичка, а крајниот рок за пријавување е 27 октомври.
За најмалите ќе биде организирана и детска трка на еден километар околу центарот на градот.
Најдобрите тројца во машка и во женска конкуренција на десет километри ќе добијат парична награда во износ од 12000, од 9000 и од 6000 денари, а за освојувачите на подиум на 5000 метри ќе има награди од спонзори.



