
Иако беа во најдобра форма од сите останати екипи, со 21 победа на 24 средби, Ст. Луис Кардиналс загубија во првата рунда од плејофот и ја завршија својата сезона.
Синоќа, во вториот вајлд-кард дуел, претставниците на Мисури беа поразени на гостувањето кај ЛА Доџерс со 3-1.
Кардиналс го отворија резултатот уште во првиот ининг, кога Томи Едман освои четири бази после непрецизното фрлање на Макс Шерцер.
За фрлачот на Доџерс, ова беше дванаесетти старт во сезоната, на кој неговиот тим дојде до дванаесеттиот триумф.
Во продолжение, односно во четвртиот период, Џастин Тарнер постигна хоум-ран за израмнување на 1-1.
Бројките на семафорот останаа непроменети сè до последната деветтина, кога со последниот удар, Крис Тејлор направи нов хоум-ран, додека на базите стоеше Коди Белинџер.
Со овој триумф, актуелните шампиони се пласираа во четврт-финалето, каде што ќе ги одмерат силите со Сан Франциско Џајантс.



