Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски и неговиот тим Плоешти дојдода до втората победа во романскиот шампионат, овој пат над Рапид Букурешт од 85:61.
Магдевски беше најдобар поединец во убедливата победа на неговиот тим со трипл-дабл учинок од 13 поени, 13 асистенции и 10 скокови за 30 минути игра.